28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„Амнести интернешнл“: Жал ни е, но стоиме зад изјавата дека Украина ги...

„Амнести интернешнл“: Жал ни е, но стоиме зад изјавата дека Украина ги загрозува цивилите

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал соопшти дека „длабоко жали за болката и гневот“ предизвикани од нејзиниот извештај, но дека целосно стои зад своите наоди.

Во четвртокот Амнести соопшти дека украинските сили го прекршуваат меѓународното право и ги загрозуваат цивилите со поставување бази во станбени области, вклучувајќи училишта и болници.

„ Тактиката на украинските бранители на никаков начин не ги оправдува неселективните напади на Русија, со фактот дека некои руски воени злосторства, вклучително и оние во Харков, не се поврзани со тие тактики“, пишува организацијата во извештајот, додавајќи дека снимила инциденти во кои украинските сили ги изложија на опасност цивилите во 19 градови и села во регионите Харков, Донбас и Миколаев.

„ Документиравме шема во која украинските сили ги изложуваат цивилите на опасност и ги прекршуваат законите на војната со тоа што дејствуваат во населени области. Дејствувањето во одбранбена позиција не ја ослободува украинската армија од почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече Агнес Каламар, генерален секретар на организацијата.

Директорот на украинскиот огранок на Амнести интернешенел поднесе оставка по објавувањето на овој извештај, а советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак рече дека е срамота што Амнести учествува во руската пропаганда и дезинформации со цел да се запре испраќањето оружје на Украина од Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Амнести дека вината ја префрла на жртвата, додавајќи дека им помага на терористите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП