20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсточноевропските валути се најчувствителни на падот на вредноста на еврото

Источноевропските валути се најчувствителни на падот на вредноста на еврото

Вознемирени од конфликтот во Украина, вредностите на водечките валути во Источна Европа се подготвуваат за нов удар од претстојната рецесија во еврозоната.

Кога станува збор за валутите на земјите во развој, покрај лирата и рубљата, трговците се песимисти и за вредноста на унгарската форинта, полската злота и чешката круна, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“.

„Goldman Sachs Group“, „Fidelity International“ и „InTouch Capital Markets“ предвидуваат дека земјите од Источна Европа ќе бидат повеќе оштетени од другите економии во развој доколку вредноста на еврото ослабне.

Трите валути се особено чувствителни на нестабилноста на побарувачката од земјите од еврозоната, која има 60 отсто учество во извозот на Унгарија, Полска и Чешка. Од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари, овие земји ја зголемија трговската размена во согласност со еврото.

„Ние сме претпазливи и негативни кога станува збор за валутите на источноевропските земји“, вели Пол Грир од компанијата „Fidelity International“, кој очекува натамошен пад на злотата и круната во однос на доларот.

Откако Меѓународниот монетарен фонд во јули предупреди дека светската економија наскоро ќе се најде во рецесија, иднината на еврозоната изгледа застрашувачка. Рекордна инфлација и растечката перспектива за прекин на испораките на руски гас се закануваат да доведат до колапс на еврозоната.

Доколку вредноста на еврото падне под вредноста на доларот, најголем пад меѓу пазарите во развој ќе забележат источноевропските валути, земајќи ја предвид побарувачката од еврозоната и прекините во снабдувањето со гас, сметаат стратезите од „Goldman Sachs“. Кон крајот на јули, ФЕД ја намали целната вредност на еврото од 1,05 на 0,99 долари.

Од почетокот на конфликтот, форинтата загуби 17 отсто од вредноста во однос на доларот и 8,2 отсто од вредноста во однос на еврото. Золтата изгуби 12 отсто од вредноста во однос на доларот, а чешката круна загуби 9,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП