19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 60 проценти од најголемите компании се концентрирани во само 3...

Повеќе од 60 проценти од најголемите компании се концентрирани во само 3 земји

Овогодинешното истражување на светскиот бизнис во рамките на индексот Fortune Global 500 покажа интересни трендови.

Првиот заклучок е бројката од 316 компании кои доаѓаат од само три земји – Кина (145 компании), САД (124) и Јапонија (47) заедно имаат повеќе од 63 отсто од сите големи корпорации во светот.

Подемот на Кина во глобалната корпоративна хиерархија е една од најголемите деловни приказни во изминатите две децении. Кина (вклучувајќи го и Тајван) ги надмина САД за прв пат во фискалната 2018 година во битката за најголем број компании од Глобал 500, пренесува Investor.

Кина го зголеми своето водство во 2020 година, кога „Ковид“ затвори голем дел од светот, а оваа сила продолжи да се зајакнува.

Се покажа и огромниот степен на вклученост на државата во големите кинески компании: 87 компании од континентална Кина на овогодинешната листа се мнозински или целосно државни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП