Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на тестот за Ковид-19, но ќе остане во изолација до вториот тест, објави неговиот лекар.
„Претседателот се уште се чувствува многу добро – напиша д-р Кевин О’Конор и додаде: Со оглед на неговата позитивност за повторно тестирање, за која објавивме минатата сабота, продолживме со секојдневно следење. Утринава неговиот тест за антигенот SARS-CoV-2 беше негативен. Поради големата претпазливост, претседателот ќе продолжи со строгите мерки за изолација до втор негативен тест како што беше претходно опишано“, се вели во писмото.

