25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои земји од ЕУ трошат најмногу на наука и иновации? (ИНФОГРАФИК)

Кои земји од ЕУ трошат најмногу на наука и иновации? (ИНФОГРАФИК)

Во 2021-ва година вкупните средства за истражување и иновации во ЕУ изнесуваат 109,25 милиони евра, што е еднакво на 0,8% од бруто домашниот производ.

Во однос на 2020-та година е забележан пораст од 6%, а за последната деценија (во однос на 2011-та година) растот на трошоците за наука и развој изнесува 35%, покажуваат податоците на Евростат.

Статистиката за наука и истражување обезбедува информации за приоритетите на владите во различни јавни проекти за финансирање на истражување и развој.

Во 2021-ва година, владините буџетски средства од овој столб во земјите на ЕУ изнесуваат 244 евра по лице, што е зголемување за 33% во споредба со 2011-та година, кога тие беа 184 евра.

Највисоки вредности се забележани во Луксембург (689 евра по лице), Данска (530 евра) и Германија (471 евра).

Од друга страна, земјите со најниски буџетски средства за истражувачка активност по глава на жител се Романија (19 евра), Бугарија (24 евра), Латвија (45 евра) и Унгарија (60 евра).

Во последната деценија, најголемите зголемувања на јавното финансирање за истражување и развој беа во Латвија (од 14 евра по лице во 2011-та година на 45 евра во 2021-ва година), Грција (од 58 на 152 евра) и Унгарија (од 30 на 60 евра).

Спротивно на тоа, трошењето за оваа ставка е намалено во Шпанија (од 155 евра по лице во 2011-та година на 152 евра во 2021-ва година).

Истражувањето и развојот се клучни за многу политики на европско и национално ниво кои имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на економиите на ЕУ и благосостојбата на граѓаните, потсетува Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП