28 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКапш го доби договорот за ГСМ-Р железничката мрежа во Словенија

Капш го доби договорот за ГСМ-Р железничката мрежа во Словенија

Уште еден чекор поблиску до Европската интеграција – комуникациската технологија за возови од Капш се користи во повеќе од половина членки на Европската Унија

kapsh

Капш КариерКом (Kapsch CarrierCom) ќе ја снабдува словенечката комуникациска мрежа за возови со GSM-R технологија на 1200 км возна инфраструктура. Системот за ГСМ-Р технологија ќе биде изграде до 2015 година од страна на конзорциумот што ги вклучува словенечкиот производител на телекомуникациска опрема Искрател и градежната фирма ГХ Холдинг заедно со Капш КариерКом АГ. Договорот вреден вкупно 117 милиони евра е одобрен од словенечкото министерство за инфраструктура.

Конзорциумот се избори за овој договор за изградба на словенечката ГСМ-Р мрежа во тесна тендерска трка. Во соработка со Искрател, единствениот словенечки снабдувач со фиксни делови за ГСМ-Р инфраструктурата (мрежата за испраќање), Капш ќе ја достави целосната технологија за ГСМ-Р инфраструктурата  и ќе има обврска да го одржува и сервисира системот во следните пет години.

Ова решение од почеток до крај е сеопфатно и со висока архитектонска изведба, исто така и со извонредна функционалност и достапност. Капш ќе примени високофункционален мрежен подсистем базиран на 3ГПП Релис 4 технологијата како и базно стациониран подсистем. Доставата вклучува модерен централен сервис за контролна точка за имплементација на целосниот сервис како и базна станица за радио врски.

Проектот ќе биде поддржан со средства од Кохезиониот фонд на ЕУ, кој што меѓу другото беше основан со цел да се промовираат трансевропските транспортни мрежи и да се развие железничкиот транспорт.

 

Зголемување на безбедноста во Европа

Со ЕРТМС – Европски менаџмент систем за железнички сообраќај, Европската Унија создаде стандард кој што гарантира дека прекуграничниот железнички сообраќај се базира на унифициран систем за „контрола, команда и сигнализација“. Основниот концепт на ERTMS е да ги премости поединечните национални решенија и да создаде заеднички стандард за комуникација меѓу возовите за Европа, а со тоа да се заштеди на трошоци и да се подобри безбедноста. Системот се состои од два главни елементи: стандарден сигнален систем (ETCS, Европскиот систем за контрола на возови) и GSM-R-радио технологија.

Сите решенија понудени од Kapsch за железнички комуникации се составени од многу индивидуални елементи – кои се движат од инфраструктурни компоненти па се до завршни уреди. Во меѓународниот железнички превоз, сите овие елементи мора да комуницираат совршено заедно, дури и кога тие доаѓаат од различни производители. Капш веќе обезбеди железнички оператори со GSM-R-технологија во многу европски земји, вклучувајќи ги и 15-те држави-членки на ЕУ. На овој начин, корисниците на железничкиот сообраќај може да бидат сигурни дека железничките безбедносни системи ги исполнуваат највисоките стандарди во националната железничка мрежа, а може да се користи и во меѓународниот транспорт, без никакви дополнителни трошоци.

 

Kapsch CarrierCom е глобален систем интегратор и снабдувач на сеопфатни телекомуникациски решенија за јавни и железнички оператори, транспортни организации и компании кои сакаат решенија за управување со средства во реално време. Преку обезбедување на целосен пакет на професионални услуги заедно со мисијата и бизнис-критичните телекомуникации, Kapsch CarrierCom е доверлив партнер за клиентите во целиот свет. Стратешките партнерства и силниот фокус на иновации во осум центри за  истражување и развој во Европа и Азија, го направија Kapsch CarrierCom специјалист во телекомуникациите на пазарот. Kapsch CarrierCom е дел од Групацијата Kapsch и има седиште во Виена.

За дополнителни информации: www.kapsch.net и www.kapschcarrier.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП