2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТужба против Бe-Eм-Ве за индустриска шпионажа во Франција

Тужба против Бe-Eм-Ве за индустриска шпионажа во Франција

P90047139

Француската индустриска група „Болоре“, преку својата филијала „Аутолиб“, поднесе тужба против германскиот автомобилски гигнат Бe-Eм-Ве за индустриска шпионажа, јави дописникот на МИА од Париз.

„Аутолиб“ раководи со паркот на електрични автомобили за изнајмување во Париз.

Како што објави порталот Фигаро.фр, двајца германски државјани на 5 септември дошле на станиците каде се полнат и одржуваат електричните автомобили на „Болоре“ и се претставиле како вработени задолжени за нивно одржување. Но, тие биле вработени во германското претпријатие „П-3 Груп“, кое е ангажирано од Бe-Eм-Ве околу изработката на нејзиниот електричен автомобил И3.

Вработените задолжени за прием на клиентите, на 21 август на станица на „Аутолиб“ во Париз, забележале лица со информатички материјал во нивниот автомобил, како се интерсираат за станиците за полнење на автомобилите. Истата сцена се повторила и на друга станица, каде дцајцата осмничени за индустриска шпионажа објасниле дека вршат рутински контроли, по што исчезнале.

Персоналот на станицата за ова ја предупредил компанијата „Аутолиб“’, чиј директор за операциите е поранешен припадник на француската праводсудна полиција.

Еден од вработрнеите успеал да го запише бројот на автомобилот на „необичните постетители“, исто како и бројот на клиентската карта на „Аутолиб“, што ја поседувал едниот од нив. Електронската пошта на клинетот завршува со „P-3group.com“.

На 22 август, необичните техничари повторно се забележани на една од станиците, а еден од вработените разговара со нив и дознава дека наводно работеле за Бe-Eм-Ве. По известувањето на Централната дирекција за внатрешна безбедност (ДЦРИ), на сите вработени на станиците на „Аутолиб“ им е препорачано да бидат претпазливи.

Адвокатот на „Аутолиб“ на 4 септември испраќа писмо до „П-3 Груп“, која на нејзината интернет страница се преттсавува како меѓународна консултантска компанија, но не добива одговор.

Техничарите повторно се појавуваат на улиците во Париз на 5 септември, при што е повикана полицијата, која ги апси и го запленува нивниот автомобил. Тие се ослободени во петокот по обемно испрашување.

Сега се поставува прашањето што барале тие? Дали сакале да се стекнат со технологија со која не располагаат? Во очекување на одговор, „Аутолиб“ поднесе тужба за злоупотреба на доверба и навлегување во автоматизиран систем на податоци и нивно оштетување.

„Аутолиб“ му пишал на „П-3 Груп“, а одговор добил од „Бе-Ем-Ве-Франс“, која во писмо уатено директно до сопстевникот на групата Вансан Болоре, се извинува за целиот случај.

На 3 јануари беше украден еден електричен автомобил паркиран на својата станица во Париз, па полицијата сега се обидува да дознае дали двата случаи се поврзани.

„Фигаро“ се обрати до компанијата „Бе-Ем-Ве Франс“, која призна дека техничарите извршиле „тестови на компатибилност“ на електричните автомобили, но ги отфрли обвинувањата за шпионажа. Бе-Ем-Ве тврди дека техничарите на „П-3 Груп“ на денот на апсењето не работеле по нивна нарачка, туку по нарачка на друг автомобилски конструктор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП