28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТОКСИЧНИ ВАЛУТИ: Централната банка на Русија сака да ги тргне доларот и...

ТОКСИЧНИ ВАЛУТИ: Централната банка на Русија сака да ги тргне доларот и еврото!

Централната банка на Русија објави извештај за развојот на финансискиот пазар под санкции, при што посочија дека еден од главните приоритети е враќањето на стабилноста на финансиските институции.

Во сеопфатниот извештај, Централната банка на Руската Федерација посочи дека блокирањето на руските средства поради санкции создава ризици за граѓаните и економијата при користење на американскиот долар и еврото.

„Под такви услови, регулаторот има намера да ја забрза девалвацијата и ќе воведе дополнителни мерки за намалување на работењето на банките во долари и евра. Нефинансиските организации се охрабруваат да ги претвораат доларите и еврата во јуани и други пријателски валути“, се наведува во извештајот.

Меѓу другите, доларот и еврото беа окарактеризирани како токсични валути.

„Со цел да се ублажи девизниот ризик, банките треба постепено да ги исфрлаат токсичните валути рамномерно од двете страни на нивните биланси“, велат авторите на извештајот.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов уште во мај 2022-ра година ги нарече доларот и еврото токсични валути за Русија бидејќи нивната употреба во земјата е ограничена по воведувањето на санкциите. „Поради намалувањето на трансакциите со доларот и еврото расте трговијата со кинески јуани, а на 22-ри јули дневниот обем на тргување со кинеската валута првпат во историјата го надмина еврото“, пишува Комерсант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП