23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРимац му ја испорача првата „Nevera“ на поранешниот Ф1 шампион (ФОТО/ВИДЕО)

Римац му ја испорача првата „Nevera“ на поранешниот Ф1 шампион (ФОТО/ВИДЕО)

Само еден месец по завршувањето на првото производство „Rimac Nevera“, автомобилот #001 беше испорачан на неговиот сопственик – светскиот шампион во Формула 1 од 2016-та година, Нико Розберг. Пред автомобилот да биде испратен во неговиот дом во Монако, Розберг пристигна во седиштето на „Rimac Group“ во Хрватска за првпат да ја види својата „Nevera“ во живо.

Производството на „Nevera“ е во тек во новиот погон на периферијата на Загреб. Голем дел од главните компоненти на автомобилот се дизајнирани, конструирани и произведени во погоните на „Rimac“ и инсталирани во последната фаза на производство, склопување на возилото, кое трае околу пет недели по автомобил.

Автомобилот #000, кој ќе го задржи „Bugatti Rimac“, е „Callisto“ зелен со алкантара внатре во песочна боја.

Копијата на Розберг е црна „Stellar“ боја со полирани „Vertex“ тркала и црни клешти на сопирачките.

Внатрешноста е целосно обложена во црна алкантара, со потписот „Nico Rosberg“ на плочата. Копијата на Розберг ќе биде стационирана во неговиот дом во Кнежеството Монако.

Розберг е дел од „патувањето“ на „Rimac“ откако за првпат во живо го виде прототипот „C_Two“, автомобил кој по неколку години развој и тестирање стана сериска „Nevera“.

„Уште кога првпат го запознав Мате и го сфатив генијот зад „Nevera“, знаев дека го сакам првиот автомобил од серијата, дизајниран буквално од нула за да биде, не само неверојатно брз – или најбрз, туку навистина одличен за возење. Едвај чекам да видам што може да направи“, рече Розберг.

„Кога првпат почнавме да ја развиваме „Nevera“, тргнавме да создадеме автомобил што ќе ги импресионира дури и најдобрите возачи во светот. Нико беше на таа листа и драго ни е што еден од првите сопственици на „Nevera“ е некој кој владее во најфокусираниот и модерен мотоспорт на планетата. Сите ние едвај чекаме да ја испратиме неговата „Nevera“, се надеваме дека ќе ужива во употреба како и другите негови автомобили, што е токму она што ги охрабруваме сопствениците на „Nevera“ да го прават. И ако некој може да ги тестира границите на она што го изградивме, тој е тој. Горди сме што можеме да го наречеме Нико пријател и член на брзорастечкото семејство на сопственици на „Rimac Nevera““, изјави Мате Римац, извршен директор на „Rimac Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП