20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Европа да ѝ се заблагодари на Турција за транзитот на гас...

Путин: Европа да ѝ се заблагодари на Турција за транзитот на гас од Русија

„Гасоводот `Турски поток` работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа“ изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи.

„Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас на европскиот пазар“ рече Путин, а пренесува ТАСС.

Тој изрази очекување дека денеска ќе биде потпишан меморандум за развој на трговско-економските односи меѓу двете земји.

Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.

Ердоган, пак, рече дека Анкара и Москва се пред отворање  нова страница во билатералните односи и соработка.

„Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји. Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања“ – рече Ердоган.

Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.

„Борбата против тероризмот во регионот ни е важна. Денеска светот ги следи разговорите во Сочи“, истакна турскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП