26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг реагира, ги повика европските амбасадори на разговор

Пекинг реагира, ги повика европските амбасадори на разговор

Кина објави дека ги поканила европските амбасадори во Пекинг на разговори.

Кина го направи тоа за да поднесе протестна нота против најавите на групата Г7 и ЕУ кои ја критикуваат Кина. Кина испрати воени бродови и авиони, лансираше проектили во Тајванскиот теснец по посетата на американската висока функционерка Ненси Пелоси на Тајван.

На кинеската страна свртена кон Тајван, денеска се собраа туристи да ги гледаат воените авиони кои се упатуваат кон областа за вежбање.

Моторите на авионите се слушаа над главата, додека туристите фотографираа и извикуваа: „Да го вратиме Тајван назад“, додава американската новинска агенција.

Кина утрово испрати воени бродови и авиони преку средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана, со кои кинеската војска по неколку децении ја премина неофицијалната тампон зона меѓу Кина и Тајван.

Пет кинески проектили паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија, во близина на островот Хатерума, јужно од главните јапонски острови, изјави јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

Тој рече дека Јапонија пратила протестна нота за ракетата, оценувајќи дека таа е „опасна закана за јапонската национална безбедност и безбедноста на јапонскиот народ“.

Токио додаде дека веруваат дека преостанатите четири проектили истрелани од Фуџијан го прелетале Тајван.

Во меѓувреме, Кина го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг поради учеството на Токио во „неточната“ изјава на Г7 за Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Заменик министерот Денг Ли упати официјален протест до јапонскиот амбасадор во Кина за вежбите околу Тајван.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека заменик министерот Денг Ли дал „официјална изјава“ за, како што рече, „дрско мешање во внатрешните работи на Кина“, пренесе АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП