18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри брода со пченка тргнаа од Украина

Три брода со пченка тргнаа од Украина

Три брода со десетици илјади тони пченка утрово испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.

Овие бродови испловија благодарение на договорот постигнат со помош на меѓународната заедница за деблокирање на извозот на земјоделски производи од Украина и олеснување на растечката глобална криза со храна.

Два брода тргнаа од Чорноморск, а еден пловел во близина на Одеса, а вкупно превезуваат околу 58.000 тони пченка, пренесува Ројтерс.

Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека бродот „Навистар“ под панамско знаме превезувал 33.000 тони пченка и се упатил кон Ирска.

Како што се додава, Ројен со малтешко знаме носи 13.000 тони пченка и се упатува кон Велика Британија.

Бродот „Поларнет“ под турско знаме носи 12.000 тони пченка, а дестинација е турското црноморско пристаниште Карасу.

Од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, првиот брод со жито замина во понеделникот на 1 август, кој беше поздравен од меѓународната заедница како „чекор кон спречување на гладот ​​на светско ниво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП