23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМоже ли тензиите меѓу Кина и Тајван да прераснат во вооружен конфликт?

Може ли тензиите меѓу Кина и Тајван да прераснат во вооружен конфликт?

Сè е потензично во Пацификот по посетата на Ненси Пелоси на Тајван. Кина истрела проектили во морето, а Тајван вели дека е подготвен да ја брани земјата. Има ли конфликт на хоризонтот што не сакаме да го видиме или се ќе се смири?

Кинеската војска започна со воени вежби, кои вклучуваат вооружено пукање во водите и воздушниот простор околу островот Тајван, објави утринава кинеската државна телевизија. Се очекува вежбите да траат до крајот на викендот.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа соопшти дека вежбите се фокусирани на „блокада, напад на морски цели, напад на копнени цели и контрола на воздушниот простор“.

Најмалку 40 летови до и од Тајван се откажани, пишува Чајна Тајмс, цитирајќи го аеродромот во Тајпеј, кој рече дека откажувањата на летовите не се нужно поврзани со вежбите.

Министерството за одбрана на Тајван ги нарече планираните вежби на Кина како воздушна и морска блокада на Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП