20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИднината на „Volkswagen Golf“ е доведена во прашање

Иднината на „Volkswagen Golf“ е доведена во прашање

Во март 2021-ва година, „Volkswagen“ самоуверено објави дека „Golf“, „T-Roc“, „Tiguan“ и „Passat“ ќе добијат модели од следната генерација. Таа изјава, сепак, можеби беше малку прерана во случајот со хечбекот, бидејќи новоименуваниот извршен директор на компанијата останува внимателен во врска со иднината на „Golf“.

Во интервју за германскиот весник „Welt“, Томас Шефер вели дека сѐ уште не е донесена одлука за развој на модел од деветтата генерација на популарниот модел. Поранешниот шеф на „Skoda“, кој ја презеде марката „Volkswagen“ оваа пролет, ја доведе во прашање иднината на „Golf“ поради зголемените трошоци со развојот на автомобили опремени со мотори со внатрешно согорување.

Регулативите на „Euro 7“ се очекува да стапат на сила во наредните години и ќе ги зголемат цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување за 3.000 евра на 5.000 евра, според Шефер. Тој верува дека е близу крајот за автомобилите, со цена од околу 10.000 евра во Европа, бидејќи надградбата на моторите за да се справат со сè построгите ограничувања на емисиите ќе ги зголеми трошоците за развој, а што е неприфатливо многу.

Шефот на „Volkswagen“ најави дека се работи на фејслифтинг на актуелниот „Golf“ кој е во средината на животот, но доаѓањето на 9-тата генерација е неизвесно во оваа фаза. Шефер посочува дека дизајнирањето на нов автомобил со таков мотор, кој најверојатно нема да го има традиционалниот животен циклус од 7-8 години, можеби не вреди, додавајќи дека е „исклучително скапо“ да се развијат возила усогласени со „Euro 7“.

Читајќи меѓу редови, неговата изјава дека „Golf 9“ нема да оди во продажба цели седум до осум години е поврзана со забраната за продажба на нови автомобили опремени со бензински или дизел мотори, која ќе стапи на сила во Европската унија во 2035-та. Сегашната генерација постои од 2019-та година и најверојатно ќе добие дотерување во 2023/2024 година, што ќе биде во продажба уште три до четири години.

Потенцијалниот „Golf Mk9“ би можел да се појави во 2027-ма година, што значи дека „смртта“ на генерацијата може да се совпадне со смртта на моторите со внатрешно согорување во ЕУ. Некои европски пазари би можеле да одлучат да се префрлат на електрични автомобили порано, што последователно ќе влијае на продажбата на „Golf“ со ограничување на неговата достапност.

Томас Шефер вели дека конечната одлука дали ќе има деветти голф ќе биде донесена во следните 12 месеци. Тој вели дека со малите автомобили е тешко да се надоместат повисоките трошоци за развој кои доаѓаат со „Euro 7“, па можеме да заклучиме дека иднината не изгледа одлично ниту за суперминито „Polo“. Всушност, „Audi“ веќе кажа дека по оваа генерација ќе се збогува со механички поврзаниот „A1“, а при крај е и субкомпактниот кросовер „Q2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП