21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНенси Пелоси за неполни 24 часа успеа да предизвика толкава тензија која...

Ненси Пелоси за неполни 24 часа успеа да предизвика толкава тензија која може да заврши со војна

Посетата на Тајван, која траеше неполни 24 часа, предизвика толкава тензија што се зборуваше за можна нова војна.

Поради претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, која веќе е на пат кон друга дестинација, Кина подигна авиони кои влегоа во зоната за воздушна одбрана на Тајван, па и тие ги подигнаа своите.

Кина веќе почна да ги спроведува своите закани – веќе во четвртокот најави започнување на големи воени, односно поморски и воздушни вежби со боева муниција, во шест зони околу цел Тајван, со три зони кои навлегуваат во Територијалните води на Тајван.

Како што јавува Би-Би-Си, двата кинески носачи на авиони со придружните воени бродови се упатиле кон Тајванскиот теснец.

„Светот се соочува со избор помеѓу демократија и автократија. Решеноста на Америка да ја зачува демократијата овде во Тајван останува облечена во железо“, рече Пелоси на денешната средба со тајванскиот претседател Цаи Инг-вен во Тајпеј. Пелоси веќе го напушти Тајван, но зад себе остави прилично опасна ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП