25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата со недостиг на работна сила во Германија се засилува

Кризата со недостиг на работна сила во Германија се засилува

Кризата со недостиг на професионална работна сила го достигна својот врв во Германија, а речиси половина од германските компании се погодени од недостиг на експерти, објави во вторникот минхенскиот институт за економски истражувања Ифо.

„Во јули, 49,7 отсто од анкетираните компании рекоа дека се погодени од недостиг на работна сила“, објави Институтот Ифо од Универзитетот во Минхен. Ова е најмногу од 2009 година, откако овој институт спроведува ваков вид на испитување.

Недостигот од работници, според информациите на претприемачите, ја намалува ефикасноста на фирмите и приходите.

„Се повеќе компании мораат да го ограничат своето работење бидејќи едноставно немаат доволно персонал“, вели Стефан Зауер од Ifo. Според проценките на експертите, овој проблем би можел да стане уште полош на среден и долг рок.

Најголем недостиг на работници е забележан во услужната дејност, а погодени се дури 64 отсто од хотелиерските и угостителските компании. Слична е состојбата и во транспортот и превозот на стоки.

Во секторот преработувачка индустрија најпогодена е прехранбената индустрија. Во градежниот сектор 39,3 компании се жалат на недостиг од работници, а бројката би била поголема доколку градежните компании би можеле да работат со полн капацитет, што во моментов не е случај поради недостиг на материјали.

Традиционално, сè уште има недостиг од експерти во ИТ индустријата и во автомобилската индустрија, како и во здравството.

Дополнителен проблем е недостигот на ученици во стручните училишта. Годишно меѓу 15 и 20 илјади места за обука остануваат непополнети.

Германската влада неодамна најави промена на законот за имиграција со која ќе се овозможи имиграција на млади луѓе кои се подготвени да студираат за некоја од професиите кои се дефицитарни.

Социјалдемократско-зелено-либералната влада подготвува и промена на законот за азил, со која на младите чие барање за азил е одбиено или се во процес на чекање одговор ќе им се овозможи да останат во Германија во случај на успешно образование.

Демохристијанската опозиција жестоко се спротивставува на оваа идеја бидејќи смета дека тоа ќе ја зголеми мотивацијата за илегална имиграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП