17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАмериканците го убија лидерот на Ал Каеда

Американците го убија лидерот на Ал Каеда

Ајман ал Завахири, беше убиен во напад со беспилотно летало од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Авганистан за време на викендот.

Тој беше назначен за лидер на Ал Каеда по смртта на Осама бин Ладен во мај 2011 година.

Завахири се пресели на „безбедно место“ во Кабул неколку месеци откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август минатата година.

Единаесет години по атентатот на лидерот на терористичката група Ал Каеда, Осама бин Ладен, групата се уште се смета за опасна, а нејзините поддржувачи денес дејствуваат во повеќе земји отколку во септември 2001 година, кога членовите на групата извршија напад врз Соединетите Американски Држави (САД).

„Правдата е задоволена и лидерот на терористите повеќе го нема. „Тој беше длабоко вклучен во планирањето на нападите од 11 септември во кои загинаа 2.977 луѓе на американска територија“, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП