19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРеакција на Кина на посетата на Пелоси на Тајван: Опасен потег, си...

Реакција на Кина на посетата на Пелоси на Тајван: Опасен потег, си играте со оган

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајпеј, со оценка дека сериозно ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и упати остар протест до САД.

„Ова е многу опасен потег за играње со оган. Секој што си игра со оган ќе се изгори“, се вели во соопштението објавено по нејзиното пристигнување во Тајпеј.

Кинеското Министерство наведува дека нејзината посета сериозно влијае на политичките основи на кинеско-американските односи, како и дека Кина цврсто се спротивставува и ја осудува оваа посета, нагласувајќи дека САД сакаат да ја зауздаат Кина со помош на Тајван.

Во меѓувреме, тајванското Министерство за одбрана објави дека информациите на кинеските медиуми за преминување на кинески борбени авиони Су-35 преку Тајванскиот теснец, кој го дели островот од Кина, се лажни.

Источната воена команда на Кина објави дека ќе спроведе вежби со боева муниција во водите во близина на источниот брег на Тајван.

Истиот извор наведува дека тоа ќе бидат вежби на море и во воздух северно, југозападно и југоисточно од Тајван. Соопштението уследи по пристигнувањето на Пелоси во Тајпеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП