29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПелоси тргнува на азиска турнеја, Тајван не е на листата на места...

Пелоси тргнува на азиска турнеја, Тајван не е на листата на места за посета

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, замина во Азија на турнеја низ регионот, а по пат застана и на Хаваи, каде го посети меморијалниот центар посветен на нападот на Перл Харбор.

Според Си-Ен-Ен, Пелоси ја предводи конгресната делегација на индо-пацифичка турнеја, за време на која ќе ги посети Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Во соопштението не се споменува Тајван, и покрај претходните шпекулации дека Пелоси би можела да го посети како дел од турнејата.

Кинеската комунистичка партија, која смета дека Тајван е кинеска територија, го предупреди претседателот на Претставничкиот дом на САД да не оди во Тајван, а американскиот претседател Џо Бајден го пренесе мислењето на американската војска, која смета дека такво патување нема да биде добра идеја во овој момент.

„Денес, нашата конгресна делегација патува во индо-пацифичкиот регион за да ја нагласи силната и непоколеблива посветеност на Соединетите Држави кон нашите сојузници и пријатели во тој регион“, рече Пелоси во соопштението.

Таа додаде дека во секоја од земјите што ќе ги посети, ќе одржи состаноци на високо ниво за да „разговараат за нашите заеднички интереси и вредности, кои вклучуваат мир, безбедност, економски раст, трговија, пандемијата на коронавирус, климатската криза, човековите права и демократско владеење.

Таа посочи дека делегацијата на Хаваите, каде што застанала да наполни гориво во авионот, добила брифинг од американската команда за индо-пацифичкиот регион.

„Под силното водство на претседателот Бајден, САД се посветени на паметен и стратегиски ангажман во регионот, целосно разбирајќи дека слободата и просперитетот на Индо-Пацификот се од витално значење за напредокот на нашата нација и на целиот свет“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП