1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонсултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020

Консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020

handshake03

Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денеска ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.

На работилницата ќе учествуваат членовите на Националниот економски тим, претставници од надлежните институции, граѓанското општество, приватниот сектор, донатори и други заинтересирани страни, а ќе ја отвори Национален економски тим лидер Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија.

На настанот првпат пред пошироката јавност ќе биде презентирана Стратегијата за ЈИЕ 2020, со цел да се остварат пошироки консултации во врска со планираните цели, мерки и инструменти за нивно реализирање.

Целта на работилницата е прибирање повратни информации од сите засегнати страни, што ќе бидат земени предвид во конечната верзија на Стратегијата, која ќе се усвои на Министерската конференција, која ќе се одржи во ноември во Сараево, соопшти Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП