сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕВискоенергетска посластица која помага во лекувањето на анемија

Вискоенергетска посластица која помага во лекувањето на анемија

Неговата висока енергетска вредност го прави совршен меѓуоброк, а прекрасно е и за во слатките.

Сувото грозје е дехидриран плод во кој останува најмногу 23 проценти вода. Настанува со сушење на грозјето на сонце или преку механички процес на сушење во сушални.

Нутритивно гледано, се карактеризира со богатство од калиум, магнезиум, цинк, бакар, калциум и железо, како и витамините А и Б комплекс.

Сувото грозје содржи значителна количина на железо, која директно помага во лекувањето на анемијата, додека високата содржина на бакар помага кај создавањето на црвени крвни зрнца.

Станува збор за високоенергетска посластица за ладните денови, која веднаш ја надоместува загубената енергија.

Освен тоа, со негова помош можете да ја залажете гладта бидејќи е изразено богато со влакна, што го прави позаситувачко од многу други намирници.

Освен што со сувото грозје во комбинација со јаткастите плодови, јогуртот или медот можете да го започнете денот, одлично е и како прилог со ориз, кус кус и зеленчук со секое парче месо. Можете, нормално да го вметнете и во било која салата.

Поради слаткот вкус и структурата, идеално е и за полнење на месо, што не е карактеристично за нашите простори, но пробајте навистина е вкусно.

Совршено оди и со сите колачи, леб, компоти, пудинзи и кремови, а незаобиколиво е и како додаток во посластиците како штрудли, колачи, сладолед или едноставно во комбинација со друго сушено овошје или јаткастите плодови како замена за слатките. Во зима често се додава и во вареното вино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП