Во тек е 157-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина.
Во регионот на Доњецк се слушнале експлозии, гранатиран е затвор.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека за нападот се виновни украинските војници. Киев ја префрла вината на Русија, тврдејќи дека извршиле воено злосторство со ракетен напад врз сопствениот затвор.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараа во петокот.
Блинкен побара од Москва да ги ослободи приведените американски државјани – кошаркарката Бритни Грајнер и поранешниот американски маринец Пол Вилан.
Тој исто така побара Русија да ги исполни своите ветувања од договорот за извоз на жито од Украина.