28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВучиќ најави дека Србија би можела да ѝ помогне на Македонија со...

Вучиќ најави дека Србија би можела да ѝ помогне на Македонија со струја и храна ако се продлабочи кризата

Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк рече дека во рамките на проектот Отворен Балкан секој може секому да помогне и дека тоа е многу важно, особено во време на криза.

„Можеме да им помогнеме на сите со гас, со струја и храна во Северна Македонија“, рече Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на Отворен Балкан ако дојде до поголеми кризи.

Тој објасни: „Да речеме дека има денови кога хидролошката состојба е подобра, па Албанија може да и’ помогне на Северна Македонија со струја, па и на Србиа, и обратно – Србија може да им помогне.

„Тоа се важни работи“, истакна Вучиќ и додаде дека Србија платила и два руски противпожарни хеликоптери кои носат кофа од 5.000 литри и ќе можат да им помогнат на сите.

На прашањето како ќе пристигнат тие летала, Вучиќ рече дека ќе пристигнат нормално, бидејќи тоа не е оружје што некој би го забранил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП