Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше забележан на голф турнирот ЛИВ во еден од неговите ретки настапи без перика и шминка, а корисниците на социјалните мрежи беа вчудоневидени од неговото лице.
Трамп играше голф на турнир поддржан од Саудиска Арабија во Бедминстер, Њу Џерси. Покрај Трамп, на турнирот се појавија и други познати личности, меѓу кои неговиот син Ерик, професионалниот голфер Дастин Џонсон и Кејтлин Џенер.

Неговиот изглед поттикна многу корисници на Твитер да реагираат со шеги.
„Трамп без шминка изгледа како сосема друга личност. Тргнете ја капата MAGА и нема да го препознаам, напиша еден корисник на Твитер. „Изгледа дека пиел од погрешен грал“, додал друг.
„Изгледа како Дарт Вејдер кога ја симнува маската“, напиша еден корисник. „Иако не го одобрувам, разбирам зошто користи спреј тен“, се пошегува друг.
