30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпскиот динар дoстигна најниска вредност во однос на еврото

Српскиот динар дoстигна најниска вредност во однос на еврото

srb

Српскиот динар денеска падна на најниска вредност во однос на еврото од почетокот на годинава, јави Танјуг.

Наспроти интервенцијата на Народната банка на Србија (НБС), која на девизниот пазар вчера продаде 20 милиони евра, српската национална валута ослабна за 0,2 отсто, па така според официјалниот курс денеска едно евро ќе се менува за 115,0174 динари.

Со цел да спречи прекумерна дневна осцилација на курсот на динарот, НБС од почеток на годината на меѓубанкарскиот девизен пазар продаде 365 милиони евра, а купи 90 милиони.

Во 2013 година српскиот динар беше најјак на 30 април кога за една европска валута се добиваа 110,5426 српски. До денеска, српската валута имаше најнозик курс на 22 јуни, кога едно евро чинеше 114,5353 динари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП