18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на турскиот електричен автомобил(ВИДЕО)

Започна производството на турскиот електричен автомобил(ВИДЕО)

Турција започна со производство на сопствен автомобил, чиј прототип беше претставен од претседателот Реџеп Тајип Ердоган во 2019-та година. Првите единици на марката „TOGG“ излегоа од производната лента во новоизградената фабрика во Гемлик, пристанишен град јужно од Истанбул во регионот Бурса. Генералниот директор на марката Ѓуркан Каракаш го најави првиот готов автомобил.

Според плановите на „TOGG“, производството ќе биде целосно завршено до почетокот на ноември. И на крајот на првиот квартал од следната година, планирано е деби на пазарот, а првиот автомобил ќе биде електричен теренец. Пред тоа, кросоверот мора да помине тестови за сертификација за усогласеност со европските стандарди, бидејќи амбициите се автомобилот да се продава надвор од Турција.

Теренецот ќе добие две модификации – со електромотор со моќност од 200 ks на задната оска или со два мотори – по еден за секоја оска. Во вториот случај, моќта ќе биде околу 400 коњски сили. Најмоќната верзија од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 4,8 секунди, а максималната автономија ќе биде околу 500 km.

Основана во 2018-та година, „TOGG“ го покажа првиот прототип на кросовер наречен „Erdoganomobile“ во 2019-та година. Во 2021-ва година, компанијата патентираше втор модел во Европската унија – електричен седан. Тогаш беше наведено дека се очекува капацитетот на фабриката да достигне 175.000 автомобили годишно. „TOGG“ планира да произведе пет различни модели до 2030-та година – SUV, седан, C-хечбек, B-SUV и B-MPV и сите ќе бидат електрични.

Батериите ќе ги произведува француската технолошка компанија. Се предвидува дека автомобилите во домашни услови до 80% ќе се полнат за помалку од 30 минути благодарение на можноста за брзо поленње. Цените на основната „SUV“ верзија се очекува да стартуваат од околу 49.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП