19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп: Со воведување смртна казна за дилерите на дрога би се спасиле...

Трамп: Со воведување смртна казна за дилерите на дрога би се спасиле илјадници животи во Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа повеќе од запалив говор во Вашингтон, кој го посети првпат по напуштањето на Белата куќа на почетокот на 2021 година! Трамп зборуваше на самитот на Институтот „Америка прва“, кој беше основан од членови на неговата администрација и е посветен на политиките што ги застапуваше за време на неговите четири години на функцијата.

Милијардерот, познат по својот бескомпромисен настап, жестоко го нападна својот наследник Џозеф Бајден за време на едночасовниот настап, меѓу другото, наведувајќи ги бранот насилства што ја зафати Америка и серијата инциденти што ги пренесоа американските медиуми за изминатата година:

„Треба да се воведе смртна казна за дилерите на дрога. Кога ќе погубите дилер на дрога, ќе спасите 500 животи“, рече Трамп и посочи дека има решение за сѐ поголемиот број бездомници во најголемите американски градови: треба да најдеме евтини парцели во предградијата. Направете илјадници и илјадници квалитетни шатори таму. Тоа е единствениот начин да се извлечат стотици илјади, можеби милиони луѓе од нашата нација од улиците. Тоа може да се направи за еден ден. Трамп исто така се пофали дека тајната служба, чија задача е да ги штити претседателот и неговото семејство, се справувала со проблемот со бездомниците додека тој бил претседател и дека може повторно да го направи тоа.

„Веднаш ќе испратам луѓе. Тајната служба, инаку, направи феноменална работа“, додаде тој.

Потоа се свртел кон уличната банда МС-13, која е позната по тоа што регрутирала главно имигранти од Ел Салвадор. Тој го обвини Бајден дека придонел за ширење на насилството спроведено од уличните банди со омекнување на неговата остра политика кон имигрантите. Тој спомна и како членовите на бандата киднапирале две млади девојки и им ја отсекле кожата пред да ги убијат.

„Следниот претседател мора да ја испрати националната гарда во најопасните делови на Чикаго за да ги врати редот и мирот. Онаму каде што се прекршуваат законите, федералната влада мора да одговори и да испрати национална гарда, дури и без одобрение од гувернерот, кој не се согласува со политиката“, изјавил Трамп, пренесе „Курир.рс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП