Состојбата во Украина покажува дека санкциите против Русија не функционираат толку брзо како што се надеваше Европската унија, потребно е време, изјави во четвртокот австрискиот канцелар Карл Нехамер и посочи дека Австрија отсекогаш се залагала дека економските ограничувања носат поголема штета на оние на кои им се наметнуваат, отколку на оние кои ги воведуваат.
– Затоа ставот на Австрија е дека ембаргото за гас е невозможно. Тоа не е само затоа што ние како Република Австрија сме зависни од рускиот гас, туку и германската индустрија зависи од него и, доколку ја загуби стабилноста, истото ќе се случи и со австриската индустрија – рече Нехамер на прес-конференција во Виена по разговорите со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

