20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКим: Подготвени сме нуклеарно да се спротиставиме на Америка

Ким: Подготвени сме нуклеарно да се спротиставиме на Америка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го мобилизира својот нуклеарен арсенал и да се спротивстави на Америка, а во исто време го критикуваше новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јул, предупредувајќи дека Сеул ја доведува ситуацијата на работ на војна.

Ким ги даде забелешките за време на говорот по повод 69-годишнината од примирјето во Корејската војна, која ги остави Северот и Југот технички сè уште во војна, според северната новинска агенција KCNA.

„Нашите вооружени сили детално се подготвија да одговорат на секоја криза, а нашата нуклеарна одбрана е подготвена брзо да се мобилизира со полна сила, да дејствува прецизно и навремено“, рече Ким, пренесе Ројтерс.

Говорот на Ким дојде откако официјални лица во Сеул и Вашингтон тврдеа дека Пјонгјанг ги завршил подготовките за извршување на својата прва нуклеарна проба од 2017 година.

Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека постои „можност“ за тестирања околу годишнината, иако министерот рече дека „нема моментални сигнали дека такво нешто ќе се случи“.

Ким рече дека Вашингтон и Сеул продолжуваат со „опасни, незаконски, непријателски дејствија“ против Северот и се обиде да го оправда своето однесување со „демонизирање“ на Пјонгјанг.

„Двојниот стандард на Америка, кој сите наши рутински дејствија ги нарекува „провокација“ и „закана“, додека истовремено одржува големи заеднички воени вежби со Јужна Кореја, што ја загрозува нашата безбедност – тоа е буквално како грабеж. Тоа ги доведува билатералните односи до точка од кој речиси нема враќање, тоа води до конфликт“, додаде Ким.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП