19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7 планира да ја ограничи цената на руската нафта од декември

Г7 планира да ја ограничи цената на руската нафта од декември

Механизмот за ограничување на цената на руската нафта, кој треба да ги ограничи приходите на Русија од извозот на овој енергетски производ, би можел да биде воспоставен на почетокот на декември.

Во денешниот извештај на Ројтерс, кој се повикува на зборовите на висок функционер на земја членка на Г7, се наведува дека 5 декември е одреден како датум кога ќе стапат на сила новите санкции на Европската унија со кои се забранува увоз на руска нафта по морски пат.

Заедно со новите санкции на ЕУ, организацијата Г7, која ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, сака да постави плафон на цената на руската нафта во декември со цел да ги намали приходите на Москва и ја принуди да ја прекине воената операција во Украина.

Г7 се обиде да ги убеди и Кина и Индија, главните купувачи на руската нафта, да се приклучат на овој договор со цел да се постави цената на руската нафта на ниво над цената на производството, но многу под сегашната пазарна цена.

Москва минатата недела објави дека ќе престане да испорачува нафта на земјите кои се приклучуваат на механизмот за ограничување, велејќи дека таквата мерка ќе им наштети на руските производители.

Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, предупреди дека, наместо да ги почитува ограничувањата, Русија ќе ја пренасочи понудата кон земјите кои не воведуваат ограничена цена на нафтата.

„Секој план за наметнување ограничена цена на нафтата на Русија брзо ќе биде поткопана од силите што управуваат со пазарот, дури и ако САД и ЕУ успеат да ги убедат најголемите азиски увозници да се приклучат на договорот“, порача Хорхе Монтепеке, еден од архитектите на референтните глобални цени на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП