19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“Стефанс Винери” - нова винарија со германски капитал

“Стефанс Винери” – нова винарија со германски капитал

vinarija

Во Кавадарци денеска започна со работа “Стефанс винери”, нова винарија изградена со германски капитал.

– Визбата има капацитет од 15 милиони литри вино. Во моментов на располагање е капацитет од 8 милиони литри вино, а интензивно се работи на изградба на целосниот капацитет на винаријата. Досега се инвестирани 3 милиони евра, а во наредниот период продолжува проширувањето на винаријата. Годинава капацитетот ќе се исполни стопроцентно, изјавија од новата винарница.

Во првите две години велта дека ќе продаваат само наливно вино на европскиот пазар. Пласманот е обезбеден за познати клиенти.

Со оглед на веќе започнатиот откуп на винско грозје, од винаријата велат дека се серизона конкуренција во винскиот бизнис во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП