25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБрачниот пар Зеленски позираше за Вог, негативни реакции во јавноста

Брачниот пар Зеленски позираше за Вог, негативни реакции во јавноста

Во интервјуто кое Олена Зеленски, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го даде за „Вог“, таа зборуваше за времето кога го запознала својот сопруг, како и за војната без сценарио.

Олена Зеленски, долгогодишна сценаристка на комедии, главно е во сенка на нејзиниот сопруг актер, кој стана политичар, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Олена и Володимир се фотографираа за новиот број на магазинот „Вог“ и со читателите ја споделија приказната за својот живот.

Првата дама на Украина истакна дека го запознала Володимир во средно училиште. Почнале да се забавуваат додека студирале, а во 2003 година ја основале продуцентската куќа „Квартал 95“, пренесува РТС.

Володимир истакна дека го привлекува убавината на Олена, а парот има две деца Олександра и Кирил. Фото едиторијалот и целата приказна околу брачниот пар Зеленски предизвика контроверзни реакции во јавноста. Некои мислат дека не е време за оваа приказна, додека други сметаат дека е оправдана.

Коментарите се многубројни, а на социјалните мрежи украинскиот претседател најмногу е критикуван дека се забавува додека други умираат и ги губат домовите за својата татковина.

Фотографиите ги направи Ени Лебовиц, водечката светска фотографка, која е позната по своите профили на познати личности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП