20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќаен хаос во Европа: Во екот на летната сезона, патниците беа дочекани...

Сообраќаен хаос во Европа: Во екот на летната сезона, патниците беа дочекани со штрајк на Луфтханза и британски железници

Копнениот персонал на Луфтханза денеска започна еднодневен штрајк, додека британските корисници на железницата утрово беа почестени со непријатно изненадување во вид на прекин на работата.

Копнениот персонал на Луфтханза утринава стапи во штрајк, откажувајќи повеќе од 1.000 летови и зголемени прекини на патувањето во текот на напорната летна сезона.

Штрајкот, кој треба да трае до 6 часот наутро во четврток, го свика синдикатот Верди, барајќи зголемување на платите за 9,5 отсто за околу 20.000 работници.

Овој потег ја принуди Луфтханза да ги откаже речиси сите летови во своите центри во Франкфурт и Минхен во средата.

Штрајковите и недостигот на персонал веќе ги принудија авиопревозниците, вклучително и Луфтханза, да откажат илјадници летови и доведоа до повеќечасовни чекања на аеродромите на разочарување на туристите желни да патуваат по затварањата од „Ковид-19“.

Минатиот месец синдикатот Верди побара зголемување на платите за 9,5 отсто или најмалку 350 евра повеќе месечно за 12 месеци за околу 20.000 работници.

Од синдикатот посочуваат дека работниците се под притисок на инфлацијата и преоптоварени поради недостиг на кадар на аеродромите.

Луфтханза понуди зголемување од 150 евра месечно до крајот на оваа година и уште 100 евра од почетокот на 2023 година, плус зголемување од 2 отсто од средината на 2023 година, во зависност од финансиските резултати на компанијата.

Верди ја отфрли понудата, велејќи дека тоа не е доволно за да се надомести зголемената инфлација, која во јуни беше 8,2 отсто во Германија.

Верди и Луфтханза досега одржаа две рунди преговори, а третата се очекува на 3 и 4 август.

Во меѓувреме, британските патници денеска се соочија со патнички хаос во железницата бидејќи илјадници железнички работници штрајкуваа.

Се влоши жестокиот спор за работните места, платите, пензиите и условите за работа, а се стравува дека во наредните денови би можеле да следат нови штрајкови.

Бран прекини на работа се планирани за август и од страна на работниците во железницата и од лондонското метро.

Бидејќи денеска ќе сообраќа само еден од пет возови на половина од мрежата, патниците се повикуваат да патуваат само ако мораат и да се подготват за доцнење.

Штрајкуваат членовите на железничкиот, поморскиот и транспортниот синдикат (RMT) во Network Rail и 14 железнички оператори. Во штрајкот ќе учествуваат 40.000 работници, вклучително и работници за сигнализација и одржување на патеката.

Се повикуваат патниците да патуваат со воз само доколку мораат и да пресметаат дека ќе им треба дополнително време за патување, како и да проверат кога ќе поаѓа нивниот последен воз.

Во прекин ќе биде железничкиот сообраќај и утре наутро, а услугите ќе започнат подоцна, бидејќи вработените ќе се вратат на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП