9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа смирува: Американската економија не е во рецесија

Белата куќа смирува: Американската економија не е во рецесија

Американската економија е оптоварена со инфлација и страда од последиците од војната во Украина, но не е во рецесија, изјавија денеска претставници на Белата куќа.

Министерката за финансии Џенет Јелен, економскиот советник Брајан Дис и министерката за трговија Џина Раимондо ги објавија овие најави во последните денови пред објавувањето на податоците во четврток кои би можеле да потврдат дека бруто домашниот производ (БДП) се намалил од април до јуни, објави „Reuters“.

Прогнозата на Банката на федерални резерви на Атланта предвидува пад на БДП-то од 1,6 отсто, што е втор квартал по ред на пад на БДП-то.

Иако општо правило е дека два последователни кавартали на пад на БДП-то сигнализираат рецесија, силниот пазар на труд во САД потврдува дека ова можеби е редок случај кога нема да биде доволно економистите да ја прогласат најголемата светска економија во рецесија.

Сепак, разговорот за рецесија може да се претвори во самоисполнувачко пророштво, бидејќи бизнисите и потрошувачите, загрижени дека претстојат потешки времиња, ги намалуваат трошоците и инвестициските планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП