4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗемјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините

Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во силниот земјотрес што ги потресе Филипините.

Потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во северните планински делови на земјата, предизвикувајќи лизгања на земјиштето и оштетувања на објекти.

Едно лице загинало во својата куќа во Абра, каде што се повредени најмалку 25 лица кои се префрлени во болница.

Градежен работник загинал во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде свлечишта и одрони на камења блокираа неколку патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП