19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРубини нема добри вести: Катастрофата е пред врата

Рубини нема добри вести: Катастрофата е пред врата

Постојат неколку причини зошто ќе имаме сериозна рецесија и сериозна должничка и финансиска криза, вели Нуриел Рубини, познат професор по економија на Универзитетот во Њујорк и извршен директор на компанијата Roubini Macro AssjRubini, кој е добро познат по своите песимистички и често точни прогнози, а според неговата проценка, „совршената бура“ ќе ги турне САД во „голема депресија“ што може да се спореди со најлошите економски падови во историјата, пренесува магазинот Fortune, повикувајќи се на Bloomberg. Рубини предупреди дека катастрофата е пред врата.

Мислам дека има многу причини зошто ќе имаме сериозна рецесија, должничка и финансиска криза“, рече професорот.

Тој не се согласува со многу економисти и ветерани од Вол Стрит кои велат дека рецесијата ќе биде „кратка и блага“.

„Идејата дека ова ќе биде кратко и површно е целосна заблуда“, рече Рубини, посочувајќи дека „историски високиот коефициент на долг“ во напредните економии ширум светот сега е на 420 проценти „и се зголемува“.

Тој исто така изјави дека има „многу зомби корпорации“ кои го искористиле евтиното задолжување за време на пандемијата за да изградат бизниси кои никогаш нема да станат профитабилни.

Тој рече дека „домаќинствата, владите и корпорациите се спасени за време на пандемијата“ со намалувањето на каматните стапки на ФЕД и поддршката на федералната влада, која нема да биде достапна за време на претстојниот економски пад. Тој ја спореди моменталната состојба на американската економија во стагфлација (истовремена рецесија и инфлација) со стагфлацијата од седумдесеттите, наведувајќи дека тогаш било полесно, бидејќи долгот бил низок.

Големата финансиска криза од 2008 година доведе до должничка криза, но инфлацијата не беше проблем, додека сега и двете компоненти се превисоки. Стагфлациското опкружување и „соодносот на долгот кој е историски висок“, според Рубини, се рецепт за катастрофа. Рубини е познат и по прекарот „Д-р Пропаст“, кој го доби откако прв го предвиде доаѓањето на светската економска криза во 2007 година.

Рубини тврди дека берзата ќе има полоши резултати во овие предизвикувачки околности. Тој, на крајот на јуни процени дека американските акции би можеле да изгубат 50 отсто од својата вредност во однос на врвот од минатата година.

„Во типична рецесија, американските и светските акции имаат тенденција да паднат за околу 35 отсто, но бидејќи следната рецесија ќе биде стагфлаторна и проследена со финансиска криза, падот на пазарите на капитал би можел да биде поблиску до 50 отсто, рече Рубини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП