19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСо химна и огномет свечено беше отворен мостот Пелешац во Хрватска

Со химна и огномет свечено беше отворен мостот Пелешац во Хрватска

Официјално беше отворен мостот Пелешац, кој ќе го поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата, а историскиот настан се одбележува во текот на целиот ден со програма што се одржува од двете страни на мостот – на одморалиштата Бријешта и Комарна. Редовниот сообраќај на мостот Пелешац ќе започне на полноќ, а Невера и автомобилот на Ника Пулиќ помина еден до друг среде мостот, додека гостите го следеа спектакуларниот огномет.

„Мостовите се првенствено дело на конкретни луѓе. За овој мост најзаслужни се талентот и знаењето на проектантите и градителите и за тоа им благодарам. Мостот е исто така резултат и на желбата да се поврзат човечките животи. Им честитам на сите кои придонесоа за остварување на овој наш благороден стремеж. Овој мост ќе остане споменик на желбата на нашата генерација да дојде на другиот брег на слободата. Овој мост немаше да биде возможен доколку мал број луѓе не го бранеа Дубровник и граѓаните на Хрватска пред 30 години. Ќе бевме недостојни ако некогаш го затаивме тој наши долг на честа и срцето“, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на отворањето на мостот.

Хрватскиот претседател посочи и дека мостот Пелешац „е изграден во интерес на Хрватска, но за инает на никого, на штета на никој, особено не на штета на БиХ“.

„Така би размислувале, дури и ако БиХ не е татковина на хрватскиот народ. Овој мост е во корист на сите луѓе, без разлика на нација, вера, државјанство, верувања. Мост изграден со спротивни мотиви на крајот би попуштил под тежината на сопствената бесмисленост. Верувам дека пред нас се години кога ние како народ ќе си ја зајакнеме самосвеста. Никако бегање од реалноста и самокритичност, тоа значи развивање на свеста дека и требаме на нашата држава и на никој друг. Верувам дека ќе имаме години во кои без комплекси ќе се бориме за она што ни е важно“, рече Милановиќ.

Мостот Пелешац е симбол на европските вредности, солидарноста и взаемната поддршка меѓу членките на Европската унија, рече потпретседателката на Европската комисија за демократија и демографија, Дубравка Шуица на отворањето.

„Мостот Пелешац, како и целата патна инфраструктура, се најголемиот проект на ЕУ досега финансиран во Хрватска и еден од најголемите проекти на Европската унија во последните години во вредност од 357 милиони евра“, потсети потпретседателот на ЕК.

Инаку, мостот го минува теснецот со ширина од 2.140 метри, долг е 2.404 метри, со навигациски профил под мостот од 200 на 55 метри, а главен и одговорен проектант е Марјан Пипенбахер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП