2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД веќе е најголемиот светски извозник на природен гас

САД веќе е најголемиот светски извозник на природен гас

Соединетите Американски Држави станаа најголемиот извозник на течен природен гас во првата половина на 2022-ра година, откако ги зголемија испораките за Европа во услови на украинската криза.

Ова го соопшти Меѓународната агенција за енергија, цитирана од „Reuters“.

Извозот на ЛНГ од САД се зголеми за 12% до просечни 11,2 милијарди кубни стапки (317 милиони кубни метри) дневно во првата половина од годината, во споредба со втората половина на 2021-ва година.

Зголемениот извозен капацитет на ЛНГ, повисоките цени и зголемената побарувачка, особено од Европа, се главните причини за растот на извозот.

Извозот на течен природен гас драматично порасна во изминатите неколку години бидејќи повеќе земји се обидуваат да ги диверзифицираат своите енергетски системи и да се оддалечат од загадувачките постројки за јаглен.

Сепак, изградбата на нови капацитети за складирање трае неколку години, а САД во моментов не се очекува да додадат значителен нов капацитет барем до 2024-та година.

Според Меѓународната агенција за енергетика, околу 71 отсто од извозот на ЛНГ на САД бил во Европската унија и Велика Британија во првите пет месеци од оваа година.

Европа сака да собере доволно гас во своето складиште пред зимата, бидејќи Русија сериозно го ограничи снабдувањето со гасоводи до Стариот континент како одговор на санкциите воведени поради инвазијата на Украина.

Инсталираниот американски капацитет за извоз на ЛНГ се зголеми за околу 1,9 милијарди кубни стапки (53,8 милиони кубни метри) од ноември 2021-ва година.

Пресметките на Меѓународната агенција за енергетика покажуваат дека капацитетот на втечнување е во просек 11,4 милијарди кубни стапки (323 милиони кубни метри) заклучно со јули, со пократкорочен врвен капацитет од 13,9 милијарди кубни стапки (393,6 милиони кубни метри).

Во јуни, Соединетите Американски Држави извезоа 11% помалку ЛНГ од просечниот извоз во првите пет месеци од 2022-ра година, откако пожар го прекина извозниот капацитет на „Freeport LNG“.

Компанијата очекува да продолжи со работа до почетокот на октомври и да се врати на целосно производство до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП