11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој има најмногу, а кој најмалку складиран гас во Европа

Кој има најмногу, а кој најмалку складиран гас во Европа

Додека Русија ја запира славината на гасоводот Северен тек 1, а членките на Европската унија се обидуваат да договорат заедничка политика за рационализирање на потрошувачката на енергија оваа година, Европа се трка да ги наполни складиштата за природен гас пред зимата.

Некои земји речиси ја завршија оваа работа, додека други далеку заостануваат.

Порталот AGSI (Aggregate gas storage inventory) дава дневен преглед на капацитетот за складирање на гас во Европа, а според нивните податоци, Германија има убедливо најголем капацитет за складирање гас во ЕУ – еквивалент на 243 терават часови. Сепак, досега се пополнети само 66 отсто. Ова е просекот и за целата Европска унија.

Полска е една од ретките во ЕУ која речиси ги наполни своите складишта (98,5 проценти) или еквивалент на 35,9 терават часови. Португалија е исто така на 100 отсто, како и Шведска, која е на 90 отсто, но со помалку од еден гигават-час складиран гас.

Во трката за полнење на магацините пред зимата, Бугарија заостанува со 44,4 отсто од пополнетоста на магацините, што им обезбедува нешто помалку од осум отсто од годишната потрошувачка, а Хрватска со 48 отсто од капацитетот, што одговара само на седум отсто од годишната потрошувачката на гас. Исто така, Унгарија, од која Србија изнајми одредени складишни капацитети за претстојната зима, наполни нешто помалку од половина од своите складишта.

Вкупниот капацитет за складирање на природен гас во ЕУ е 1.110 терават часови, што е само четвртина од вкупната годишна потрошувачка на ЕУ од 4.152 терават часови.

Сегашното искористување на капацитетот обезбедува само околу 18 отсто од потрошувачката на природен гас во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП