6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДа им дадеме авиони? ОК, ама нека ни плати НАТО

Да им дадеме авиони? ОК, ама нека ни плати НАТО

Словачка соопшти дека очекува НАТО да им обезбеди надокнада за воениот авион Миг-29, кој треба да го испрати во Украина.

Сојузниците на НАТО треба да ни понудат или пари или нови авиони, ако очекуваат да испратиме мигови во Украина, изјави словачкиот министер за одбрана кој се сретна со неговиот британски колега Бен Валас, кој уште еднаш ја повика Братислава да испрати оружје во Украина.

„Ние сме, секако, отворени за дискусија за донирање на тие Миг-29, но тоа би значело и дека треба да се земат предвид одредени финансиски аспекти. Така што се уште не е донесена одлука“, изјави Јарослав Над.

Да потсетиме, Братислава наследи неколку Миг-29 по „разводот“ од Чехословачка. Се проценува дека околу 11 од тие воени борбени авиони се оперативни, а словачката влада претходно најави дека планира да ги „пензионира“ до крајот на август.

Беше најавено и дека подоцна оваа година требаше да бидат заменети со американски Ф-16, но конечната испорака беше одложена за 2024 година.

НАТО инаку врши притисок врз поранешните членки на Варшавскиот пакт, главно Полска, Бугарија и Словачка, да испратат воени авиони од советската ера во Украина, за да може земјата да ги надомести загубите на своите авиони поради војната. Но, засега, како што изјави Раша тудеј, ниту една од тие три земји не испратила ниту еден МИГ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП