Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да заземе позитивен став за кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО доколку тие не ги исполнат своите ветувања за борба против тероризмот.
„Додека не престанат да ги поддржуваат терористичките организации да дејствуваат против нашата земја, не треба да очекуваат позитивен пристап од нас“, изјави Ердоган за телевизијата ТРТ, пренесува Анадолија.

