3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay го превзема Decide

eBay го превзема Decide

ebay1

Компанијата „eBay“ за непозната сума на пари ја купи startup компанијата „Decide“ од Сиетл. „Decide“ им нуди на корисниците услуги за истражување на пазарите за полесно купување.

Тоа е состав кој го предвидува движењето на цените на пазарите, им помага на корисниците да препознаат кој производ се исплати да го купат, а кој не. Предвидува дали ќе се случи раст или пад на цените на пазарите за потрошувачка електроника, на потребите за домаќинставата и друго.

Во „eBay“ се надеваат дека со оваа зделка ќе им помогнат на своите 25 милиони корисници подобро и поуспешно да донесат одлука при купувањето на производите. Според договорот за купување, целиот „Decide“ ќе биде инкорпориран во „eBay“.

Сите компоненти на „Decide“, сервисот, веб страницата и мобилната апликација ќе престанат со работа на 30 септември.

Што се однесува до вработените, сите 26 луѓе ќе продолжат со работа во Сиетл, во канцелариите на „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП