19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСименс соопшти дека турбината за Северен тек 1 е готова, се чека...

Сименс соопшти дека турбината за Северен тек 1 е готова, се чека Гаспром

Германската компанија „Сименс енерџи“ денеска соопшти дека турбината, за која Москва тврди дека го ограничува проточниот капацитет на гасоводот Северен тек 1, е подготвена за испорака, но чека руски Гаспром да достави царинска документација за да продолжи трансферот.

„Транспортот на турбината би можел да започне веднаш. Германските власти веќе на почетокот на минатата недела на компанијата „Семенс енерџи“ и ја доставија целата потребна документација за извоз на турбината во Русија“, се наведува во соопштението на Сименс, и посочува дека Газпром е свесен за недостигот на царинска документација за увоз во Русија, која Гаспром како клиент е должен да ја обезбеди, пренесува Ројтерс.

„Газпром“ не го коментираше соопштението на германската компанија, но претходно денеска објави дека мора да ја прекине работата на друг мотор со гасна турбина на компресорската станица Портоваја на гасоводот „Северен тек“ поради редовен ремонт, јави претходно ТАСС.

Според соопштението на Газпром, поради исклучувањето на турбината, дневниот капацитет на руската компресорска станица Портоваја од среда, 27 јули, со почеток во 4 часот по средноевропско време ќе се намали на 33 милиони кубни метри гас, што е само половина од сегашните веќе намалени испораки.

Од 16 јуни Газпром ја намали испораката на гас преку Северен тек, наведувајќи ги како причина проблемите со одржувањето на турбините. Компанијата тогаш објави дека Сименс не може да ја врати поправката на гасната турбина поради санкциите наметнати од Канада.

Канада подоцна одлучи да ја ослободи опремата на Гаспром од санкции до крајот на 2024 година.

Европските политичари постојано предупредуваа дека Русија може целосно да го прекине снабдувањето со гас оваа зима, потег што ќе ја турне Германија во рецесија и ќе доведе до скок на цените за потрошувачите кои веќе се борат со високите цени на храната и енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП