28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на пченицата нагло порасна поради рускиот напад на Одеса

Цената на пченицата нагло порасна поради рускиот напад на Одеса

Цената на пченицата нагло порасна поради рускиот напад на Одеса

Цената на пченицата драстично порасна во понеделникот поради ракетниот напад викендов врз украинското црноморско пристаниште Одеса, што предизвика сомнеж за спроведувањето на договорот постигнат минатата недела за отворање коридор за извоз на жито од Украина.

Русија, Украина, Обединетите нации и Турција во петокот потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа на Црното Море за извоз на жито. Договорот ќе важи 120 дена, а предвидува месечен извоз од пет милиони тони.

Цените на фјучерсите на пченицата на берзата во Чикаго пораснаа за речиси 4 отсто во понеделникот на 7,86 долари за бушел, враќајќи го најголемиот дел од загубите забележани во петокот, кога цените паднаа за речиси 6 отсто по објавувањето на договорот.

„Рестартирањето на украинскиот извоз не само што ќе бара безбеден канал за навигација на бродовите, туку и безбедни пристаништа. Русите покренаа сомневања за безбедноста на пристаништето уште пред да се исуши мастилото на договорот за испорака. Повторно е присутен сомнежот“, изјави еден европски трговец.

Украинските поморски пристаништа се затворени од почетокот на руската инвазија во февруари. Некои посеви беа транспортирани со железница и пат низ соседните земји како Романија и Полска, но милиони тони се натрупаа на фармите.

Падот на пратките од еден од најголемите светски извозници на жито придонесе за зголемување на цените на храната ширум светот, а агенциите на ОН предупредија дека тоа може да доведе до глад и масовна миграција од невидени размери.

„Со неизвесноста колку време ќе биде потребно да се исчистат мините, сопствениците на бродови едноставно нема да пловат за Украина, без разлика на цената на карго транспортот, ако мислат дека нивниот брод ќе биде погоден од проектили“, рече друг европски трговец со жито. „На Украина и треба голем обем на океански извоз за да ги расчисти магацините за нови култури; извозот на копно и по река во Источна Европа не е доволен“.

Украина во неделата продолжи со напорите за рестартирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море според новиот договор, но предупреди дека испораките ќе страдаат доколку рускиот ракетен напад врз Одеса е знак за нови напади.

„Дури и да кажат дека се уште работат на продолжување на извозот, не гледам кој ќе сака да ги осигура бродовите што би оделе во таа област“, ​​вели друг трговец од европски кругови.

Кремљ во понеделникот соопшти дека ракетниот напад нема да влијае на извозот на жито. На прес-конференција, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ја таргетирала воената инфраструктура.

Цената на фјучерсите на пченката на берзата во Чикаго се зголеми во понеделник наутро за два отсто на 5,75 долари за бушел, а на сојата за 0,9 отсто на 13,28 долари за бушел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП