25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата не е „концерт по желба“

Рецесијата не е „концерт по желба“

Рецесијата не е како концерт по желба, таа се случува без разлика на нашите желби. И стравувањата дека доаѓа до израз економски пад што ќе доминира на пазарите во оваа недела.

Во петок ќе стане јасно како изгледаше европската економија во вториот квартал од годината, кога инфлациските притисоци дополнително се забрзаа, а несигурноста околу инвеститорите никогаш не се олабави во позадината на сега веќе петмесечната војна во Украина и новите избувнувања на коронавирусот во Кина.

Како одговор на големиот пораст на цените минатата недела, Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за повеќе од сигнализираното, а гувернерката Кристин Лагард по состанокот ја повтори посветеноста на банката да ја врати инфлацијата на целта од 2%.

Меѓутоа, во понеделникот Роберт Холцман, гувернер на австриската централна банка и член на ЕЦБ, прикажа малку поинаква слика.

Во интервју за австрискиот државен медиум „ORF“, тој посочи дека ЕЦБ можеби ќе треба да се задоволи со умерена рецесија за да ги запре ценовните притисоци доколку забележи раст на инфлациските очекувања.

„Се надеваме дека тоа нема да биде потребно“, рече Холцман.

Шефот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, даде пооптимистички тон кога минатата недела рече дека зголемувањето на стапката во јули го минимизира ризикот од поагресивни дејствија во наредните месеци.

„Според мене, подобро е да се започне со поголемо зголемување на каматните стапки. Времето на негативни каматни стапки заврши“, смета Нагел.

Тој коментира дека и покрај надолните ризици за економската активност, „сепак ќе видиме позитивен раст оваа и следната година“.

И Нагел и Холцман не пропуштија да ја повторат повеќегодишната мантра на ЕЦБ дека сите понатамошни потези „ќе зависат од податоците“.

Сепак, само надевањето и чекањето на податоците нема да ја подобри ситуацијата. Оваа констатација ја потврдува и континуираното забрзување на инфлацијата во еврозоната во изминатите месеци. Нови податоци за инфлацијата се очекуваат оваа недела, со прогнози за ново рекордно високо ниво од 8,7% на годишно ниво, постигнато во јули.

Дополнително, Европската комисија (ЕК) предвидува дека економијата веќе стагнира во вториот квартал, а растот во следните два ќе биде 0,3 отсто.

„Во Европа има стагфлациски притисок“, смета поранешниот главен економист на ЕЦБ, Питер Прат, цитиран од медиумите. „Инфлацијата е многу висока, но има и ризици за растот“, додаде економистот.

Прогнозите на ЕК покажуваат дека Естонија и Литванија веќе се во рецесија, додека ситуацијата во Австрија, Луксембург и Белгија исто така не е стабилна. Истражувањето на економисти од „Bloomberg“ објавено непосредно пред состанокот на ЕЦБ на 21-ви јули, вели дека веројатноста за рецесија се зголемила од 30 отсто во јуни на 45 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП