24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏенифер Лопез позира гола додека ја претставува колекцијата за нега на телото...

Џенифер Лопез позира гола додека ја претставува колекцијата за нега на телото „Џеј Ло“

Џенифер Лопез, која штотуку наполни 53 години, го лансира својот најнов проект со серија жешки фотографии.

Една недела по нејзината изненадувачка венчавка со Бен Афлек, Џенифер го прослави својот роденден на 24 јули и овој повод го искористи за лансирање на новата линија производи за нега на телото JLo, од сопствениот бренд „Џеј Ло бјути“ почнувајќи со балсамот за зацврстување на задникот. На една од неколкуте секси фотографии од кампањата Џенифер позира гола.

„Сета грижа и внимание ги посветуваме на кожата на нашето лице, но понекогаш го занемаруваме телото“, пишува во објавата на „Инстаграм“.

„Ми беше важно да создадам рутина за нега на кожата на телото со цел да одговори на неговите специфични и уникатни потреби и почнуваме со задникот!“

Џенифер продолжи: „Денес ми е роденден и тебе ти подарувам специјална капка од балсамот за зацврстување на задникот #JLoBody FIRM + FLAUNT Targeted Booty Balm. Оди на линкот JLoBeauty.com доколку сакаш да купиш видео за сериозно секси наука за твоите најубави делови од телото!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП