26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИлон Маск имал афера со сопругата на ко-основачот на Google - најскапиот...

Илон Маск имал афера со сопругата на ко-основачот на Google – најскапиот распад на брак е во тек

Извор за Wall Street Journal тврди дека Илон Маск имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на Google, Сергеј Брин, кој поднесе барање за развод на почетокот на јануари.

Аферата доведе до распад на бракот? Пријателите на двојката рекоа дека романсата на Маск со Никол е она што го натера милијардерот на Google да се разведе од сопругата.

Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск добил девојче со својата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешната извршна директорка на стартапот за вештачка интелигенција Neuralink.

Тој започна да излегува со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.

Седмиот најбогат човек на светот, чија вредност се проценува на 93 милијарди долари, поднесе барање за развод во јануари, што го означи почетокот на еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина.

Милијардерот бара и заедничко старателство над нивната двегодишна ќерка. Исто така, бара да не се доделува финансиска поддршка на ниту еден поранешен брачен другар.

Тој претходно беше во брак со Ен Војчицки, што траеше од 2007 до 2015 година. Од тој брак има две деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП