Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, е победник на трката за Големата награда на Франција. Холанѓанецот победи пред возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Ферстапен ја забележа 27. победа во кариерата. Трагичар е Шарл Леклер, возачот на Ферари додека беше лидер во трката излета од патеката и се заби во безбеносната ограда во 16.круг.
Ферстапен со откажувањето на Леклер направи уште еден чекор кон одбрана на шампионската титула. Мерцедес во Франција имаше одлична трка, најдобра оваа сезона. Луис Хамилтон во Франција ја возеше 300. трка во кариераа.

