Европската Унија бара дополнителни испораки на природен гас (ЛНГ) од Нигерија како подготовка за можното намалување на испораките на руски гас, изјави денеска Метју Болдвин, заменик-генерален директор на енергетскиот оддел на Европската комисија.
Изјавата на Болдвин беше дадена во Нигерија, каде што престојуваше оваа недела и одржа серија состаноци со претставници на таа земја, најголемиот производител на нафта во Африка, пренесува Ројтерс.

