Украинските сили постепено се движат кон источниот дел на регионот Керсон, кој беше заземен од Русија на почетокот на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму…но како тоа им помогна? Украинските вооружени сили чекор по чекор се движат кон таа област“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Ројтерс.

